Музика на кирилица

Викторија Лоба го промовираше првиот студиски албум “Нов свет” (Фото)

Викторија Лоба вчера во ресторанот “Four” го промовираше својот прв студиски албум во две изданија македонска “Нов свет”, и англиска “New World”. Во рамки на настанот Лоба и Марга Сол настапија со песните: “Она вистинско”, “Девет работи”, “All the love” и “Нов свет” кои се дел од новиот албум.

Промоцијата помина во одлична атмосфера, а Марга Сол ги забавуваше гостите до самиот крај. На настанот се појавија голем број на градски фаци, меѓу кои Роберт Билбилов и Тајзи со кои Лоба има две соработки, односно дуети во рамки на албумот.

Наскоро ќе имаме можност повторно да ја слушнеме во живо и тоа на истата локација, ресторан “Four”, кадешто ќе настапува за Нова година.
Албумите “Нов свет” / “New World” се снимани во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописец на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот.
Албумите се достапни преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и во ЦД формат, со достава низ Македонија

Можеби ќе ве интересира: