Музика на кирилица

Владимир Четкар го освојува светот: „Let Us Be” со одлични рецензии од сите континенти! (Фото)

Македонскиот мулти-инструменталист и кантавтор Владимир Четкар повторно докажа дека неговата музика нема граници! Неговиот нов албум „Let Us Be” добива извонредни рецензии од водечки светски музички медиуми, од Германија и САД до Јапонија и Австралија.

Престижната германска музичка страна Sonic Soul го опиша албумот како „ода на радоста во осум дела“, истакнувајќи ја извонредната музикална вештина на Четкар. Во САД, Soul Tracks, водечката онлајн платформа за соул музика, го пофали неговиот препознатлив Yacht Rock стил, нагласувајќи ја елеганцијата и топлината на неговите аранжмани.

Во Јапонија, „Let Us Be” беше прогласен за „маестрален избор“ низ сите Tower Records продавници, со порака: „Не постои некој кој не го сака овој звук“.

Англиско-австралискиот DJ и продуцент Dr. Packer веќе работи на два нови ремикса на Четкаровите песни, кои ќе бидат издадени преку шкотската музичка куќа Only Good Vibes Music оваа пролет и лето. Со овие меѓународни признанија, Владимир Четкар уште еднаш го потврдува својот статус како еден од најавтентичните и најталентираните артисти на глобалната соул и џез сцена.

Можеби ќе ве интересира: