Во пресрет на новата сезона на телевизиското музичко шоу “Танц со ѕвездите”, организаторите размислуваат кого да поканат за учество во тв шоуто. Тие на својата официјална фан страна започнаа со анкета помеѓу фановите на ова огромно телевизиско шоу, самите тие да одлучат и одберат која позната македонска јавна личност би сакале да ја видат како танцува. Меѓубројните предлози се Елена Ристевска, Каролина, Слаткар, Влатко Лозановски, Тони Зен…
Доколку и вие сакате да го предложите вашиот музички идол, спортист или пак некоја друга македонска јавна личност организаторите го очекуваат и вашиот предлог. Новата сезона од “Танц со ѕвездите” ќе започне кон крајот на годината со нови 12 двојки, а истото ќе се емитува на Македонската телевизија. Во првата сезона победник во шоуто беше кајакарот Атанас Николовски.
Подготви: Катерина Димиќ
