Денес во утринската емисија на националната тв Сител гостин беше познатиот македонски поп пејач Влатко Лозановски. Освен промоцијата на видео спотот, тој на јавноста и своите фанови им откри дека со новата песна “Мандарина” и видео спотот за истата, само го започнува она што допрва следи.
“Новата летна песна е само најава на она што следи од септември кога ќе се промовира и новата песна која што е веќе готова”, изјави Лозановски во утринската емисија. Меѓудругото тој откри дека оваа лето тој ќе го помине работно, со настапи и промоција на песната, а за одмор секако има време.
Подготви: Марија Каревска
