Легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски е овогодинешен добитник на наградта за животно дело од областа на културата и уметноста “11 октомври”, соопшти Министерството за култура. Стефановски кој веќе долга низа на години е присутен на сцената своевремено беше основач и член на култниот македонски бенд “Леб и Сол”, а по распаѓањето продолжи со успешна соло кариера низ регионот и светот. Наградата ќе му биде врачена на 11 октомври во Собранието на Република Македонија.
Подготви: Филип Етмишовски
