Музика на кирилица

Во недела во 16:10 часот на тв Алфа, не го пропуштајте шоуто на Стојне и пријателите

Стојне Николова не застанува, додека нејзини колеги ништо не прават и чекаат подобри времиња и надеж да се врати се на старо, Стојне ви подготви музичко шоу за вистинско уживање. Тешко ни е на сите, но не смее да се предадеме. Музиката е мојот живот.

“Јaс, заедно со мојата продукција “Мојсо” подготвивме музичко шоу за сите оние кои ја сакаат мојата, македонската музика.

Гости се: Ѓоко Таневски, Дамјан Стојановски, Мишел Трајковски, Влатко Китаноски, Тони Јанкулоски, Бобан Мојсовски, Идает Сејфулов, Ален Рамчевски, Џељо Дестановски, Јане Рафајловски и Филип Нуневски.
Во ова музичко шоу гости се и актерите од хумористичната емисија “Нема љутиш”.

“Инаку, идеата за реализирање на ваков проект е моја, а голема помош и дополнителни идеи ми дадоа и моите драги пријатели и колеги Јане Рафаиловски и Бобан Мојсовски. Видеото е во реализација на Моjсо продукција и Арт студио.

Можеби ќе ве интересира: