Познатиот балкански изведувач Жељко Јоксимовиќ вчера започна со снимање на новиот видео спот за најновиот сингл заедно со победникот на регионалното музичко шоу “X Factor” Даниел Кајмакоски кој носи наслов “Скопје-Белград”, а е под режисерската палка на Дејан Миличевиќ.
Но за да биде се целосно, тој за медиумите оддржа и прес-конференција каде се збореше токму за концертот кој ќе се случи во јуни на градскиот стадион “Филип Втори” во Скопје, каде премиерно ќе се претстави и ќе ја промовира песната за која публиката ќе има можност да ужива како во композицијата, но и во кадрите кој се снимаа во Скопје и во Белград.
Ова е показател дека добриот тим никогаш не се менува, па од започнувањето на самото шоу заедно со Жељко и Даниел се продолжи нивната соработка и после завршувањето на “X Factor”.
Подготви: Редакција Музика24
