Деновиве кога е домашниот шоу бизнис во прашање, топ тема е свадбата на помалата ќерка на фолк легендата Наум Петрески, Сања Петреска.
Се пишуваше на долго и широко, се споделуваа фотографии, но едно нешто кое привлече поголемо внимание е тоа што сегашната сопруга на Наум, познатата фолк пејачка Зуица Лазова, не беше присутна на свадбата, барем по она кое што може да се види од споделените фотографии, на ниту една ја нема. Или ние не можевме да ја видиме.
Истражувајќи, и распрашувајќи се до блиски со семејството, неофицијално, Зуица не била поканета, т.е била не пожелен гостин.




Како за потсетување, Наум беше во брак од кои има две ќерки, Анастасија која е добро позната на јавноста и тргна по неговите стапки, стана мајка а во моментов е фокусирана на кариера во Македонската опера и балет, а Сања она која правеше неодамна свадба е физиотерапевт во позната приватна болница.

Во чаршијата многу гласно се зборуваше дека Зуица е таа која го растурила бракот на Наум и водејќи се по таа логика претпоставуваме дека не е во добри односи со неговите ќерки од првиот брак, па затоа и не се појавила на свадбата.
