По одличниот успех со нејзината последна песна “Животот е убав”, познатата македонска поп пејачка Андријана Јаневска повторно ја изненадува својата публика со еден нов хит, како и со видео спот за истиот. Станува збор за песната “Казна” чиј комплетен автор е токму таа, а истата е снимена во домашното студио “Гиновски” под раководство на нејзиниот сопруг Драган Гиновски – Гино .
“Тоа не е песна од три минути, таа трае 26 години, онолку колку што сум ја изучувала, сакала, свирела, пеела и живеела музиката. Има во неа многу нешта, и среќа и тага, и болка и радост”, вели Андријана Јаневска за својата нова песна “Казна”. Видео спотот пак го реализираше Александар Ристовски – Принц, кој досега е повеќе од познат во реализацијата на видео спотови.
Инаку, освен ова, Јаневска пред само неколку дена беше дел и од осмото издание на “Виноскоп” каде настапување со проектот “Митан”, а во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете новото видео на Андријана Јаневска за новата песна “Казна”.
Подготви: Синиша Новевски
