По извесен период пауза и познатиот поп пејач препознатлив по прекрасните латино песни, но и неговите незаборавни балади – Дарио, ја изненадува својата публика со нова прекрасна есенска балада насловена “Скршено огледало”. Неговиот тим во текот на вчерашниот ден песната ја промовираше на музичкиот интернет канал YouTube. Сеуште нема официјално видео за песната, но веруваме дека Дарио нема ваков хит да остави без да сними официјален видео спот.
Инаку оваа песна е дело на самиот Дарио кој во оваа прилика ја подготви музиката и текстот, додека аранжманите и продукцијата му беа доверени на Кристија Габроски. Дарио на музичката сцена се појавува со нова песна откако изминатиот период ги промовираше неговите три песни со кои и всушност се врати на мак музичката сцена “Зборови погрешни” – песна промовирана минатата година во ноември, “Безобразно лажам” – песна промовирана во фебруари и “Весела песна” – песна која што Дарио ја промовираше на стартот од летото.
Подготви: Марија Поповска
