Младата пејачка Дина Јашари која во моментот е актуелна со песната “Во тебе се гледам” во соработка со “Cyrillic”, ја промовира својата нова песна “Вреди ли”. Јавноста Дина ја запозна преку “Кастинг талент шоу” каде стигна до финалето, а таа реши да го реализира својот талент заедно со музичката продукција “Мјузик Хаус” каде ги започна и своите први чекори во музичките води.
https://www.youtube.com/watch?v=Y5Khs8oYWBM&feature=youtu.be
Музиката и текстот таа ги изработи заедно со Бојан Трајковски (фронтменот на Ај Кју) кој исто така го изработи и аранжманот и се погрижи за продукцијата во своето студио “Мјузик Хаус”, додека мастерот го изработи Дарко Димитров. Опкружена со овој тим на музичари, младата и инспирирана Дина во моментов ги работи и останатите песни кои ќе се најдат на нејзиниот прв албум.
Подготви: Марија Поповска
