Неодамна на Музика24 ви го претставивме младиот Јасмин и неговата нова песна “Сакам да заборавам се”, а веќе денес ви го промовираме неговиот прв видео спот за истата песна, спот зад кој што стои “Горила продукција”, а со самото тоа и целата екипа.
За видеото се погрижи феноменалниот Дади, додека пак музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а текстот на Милан Миланов. Видео спотот е снимен во Охрид, во текот на летото кое што веќе е зад нас.
Уживајте во новиот динамичен, прв и интересен спот на младиот пејач Јасмин Алиевски.
Подготви: Викторија Трајковска
