По едногодишна пауза на македонската музичка сцена, познатиот пејач Ламбе Алабаковски повторно се враќа овој пат со нова песна и спот за истата. Песната “Земи се” која беше неодамна пуштена на неколку радиостаници низ Македонија, денес го доби својот видео запис, односно, промоција на музичкиот интернет канал YouTube, а веднаш потоа и тука кај нас на музичкиот портал Музика24.
Песната е комплетно дело на Јован Јованов. Ова е негова втора песна која што Ламбе ја пее, првата беше во 2010-та кога и всушност победи на “Макфест” со песната “Не планирам”
Спотот за оваа песна се снимаше со продуцентската куќа “Фабрика”, а режисер на истиот е Марјан Огненовски. Во спотот, освен Ламбе се појавува и познатиот фитнес модел Марија Нацева. Уживајте во нашата 24 Промо и во новиот спот на Ламбе Алабаковски.
Подготви: Маринела Каранфилоска
