Премиера

24 Промо: Петар Малинов и Кацар – “100 денари” (Видео)

Песната “100 денари” претставува првата официјална песна на Петар Малинов во соработка со раперот Александар Кацарски – Кацар (Токсиколози). А како и секогаш, така и овој пат идејата за соработка меѓу овие два артисти се роди сосем случајно на кафе/пиво муабет и идеи за компонирање. Андреј Блажев кој е композитор на оваа песна и главен гитарист во “Криптон”, бендот во кој свират заедно со Малинов, ја сподели музиката со Петар и со Кацар и се роди идеата инспирирана од една неуспешна афера и иронијата дека некогаш материјалното може да остави поголема трага од емоционално.

По песната се роди идејата за видео спот и под диригентска палка на Јордан Манов кој е одговорен за аудио и видео делот, се реализираше и првиот официјален спот за истоимената песна. Спотот е снимен во Дискотека АКВА во Кочани од каде што потекнува Малинов и “Криптон”.

Petar MalinovИнаку како што веќе знаете, Петар е фронтмен на unplugged триото “Криптон” заедно со Андреј и Стојанчо тројцата од Кочани. Бенд што постои веќе 5 години и активно ги забавува фановите по кафулињата ширум источна Македнонија. По два успешни обиди со кавер верзии Петар се одлучи да направат вториот чекор со авторска музика. А познатиот рапер Александар Кацарски – Кацар е член во триото Токсиколози, тројца млади и талентирани рапери од Скопје.

Околу првата соработка за песната “100 денари”, беа уклучени повеке артисти во делот на аудиото, Тања која е главен вокал на бендот Игуана, Магдалена која е главен вокал на бендот Шекспир, текстот е на Кирил Стоименов, Стефан Миладинов кој го свиреше солото на песната и Јордан Манов кој ги свиреше другите инструменти на песната и беше задолжен за аранжманот, продукција на песната како аудио така и видео. Заедно во соработка на фотографот Александар Вржалски беше снимано и монтирано видеото за оваа песна.

Во продолжение ви го промовираме видеото за новата песна “100 денари”.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: