Момците од „Балкан бенд“ имаат нова песна а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“. Се работи за нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.Темата беше промовирана вчера, а реакциите барем досега се и повеќе од позитивини. Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале сè од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.
„Нè радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов“, велат членовите на бендот.
Едни од „виновниците“ за сето ова да изгледа, а нормално и да звучи вака се авторите на песната, а тоа се: Горан Јовановски – Топче кој го напиша текстот и ја направи музиката, потоа Дејан Момироски кој беше задолжен за аранжманот, а аплаузите за ова прекрасно видео ги собра режисерот Даниел Јовески, кој уште еднаш покажа зошто е најбараниот режисер во нашата земја.
„Видеото всушност е една филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата тема. Многу веруваме во ова ново музичко парче со наш потпис“, додадоа членовите од составот „Балкан бенд“.
