“Би направил се” е насловот на новата песна на новите дечки за кои на неколку наврати досега ви пишувавме 2Бона и нашиот познат Слаткаритика. Песната е пуштена пред само некој ден на официјалниот YouTube канал на Слаткаристика. “Виновници” за создавањето на оваа песна се: Марио Јелиќ и Антонио Стојановиќ (2Бона), како и Слаткаристика и Иван Јованов – Iwayo. За видеото кое што е неофицијално и кое што ќе имате прилика во продолжение да го погледнете, се погрижи и го реализираше Филип Пауновски.
Уживајте во уште еден пролетно-летен хит.
Подготви: Дениза Илиевска
