Безвременската тема на Хенри Менсини од филмот “Појадок кај Тифани” од 1961-та година е вториот сингл од новиот, филмски албум на 2Cellos, кој го најавија со преработката на “Игра на тронови”. Талентираните Хрвати одлично ја изведоа со Оскар наградената “Moon river”, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Инаку, нивниот нов четврти студиски албум по ред ќе го носи насловот “Score”, а ќе биде објавен на 17-ти март.
Подготви: Маргарита Робевска
