Премиера

24 Промо: Александар Тарабунов – “Дај ми” (Видео)

Пред неколку дена еден од познатите македонски поп пејачи Александар Тарабунов, после мала пауза од македонската музичка сцена на својот YouTube канал ја промовираше неговата најнова песна насловена едноставно “Дај ми”. Тој меѓудругото на социјалните мрежи во врска со песната го напиша следново:

“Почитувани, ова е мојата најнова кант-авторска песна “Дај ми”. Се надевам дека ќе ви се допадне, ја сработив со многу љубов. Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе “Дај ми”, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што е препознатлив за мене”, објави младиот Тарабунов. Наместо видео спот кој веруваме ќе го погледнеме во текот на следните месеци после неговото реализирање, пејачот промоцијата на својата најнова песна одлучи да ја направи со видео lirics.

За што пее Александар Тарабунов и кому и што бара во неговата најнова песна “Дај ми”, слушнете во продолжение:

Aleksandar Tarabunov TARA - Daj mi (Lyric Video 2020)

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: