По првите два сингла „Mi“ и „Dođi“, кои до денес имаат повеќе од 30 милиони прегледи на Јутјуб, Дино Мерлин го издаде својот трет сингл „Jedan dan, jedna noć“, кој исто така ќе се најде на долго очекуваниот дванаесетти албум на Дино.
„Драги пријатели, ви донесов нова песна која има посебно место во моето срце, исто како и вистинскиот настан што ме инспирираше да ја напишам. Ова е љубовна приказна која никогаш не запира“, вели Мерлин
Зборувајќи за новата песна, текстописецот додава: „Останувам оптимист и се надевам дека по времето зад нас, ќе бидеме подобри едни кон други, и дека ќе продолжиме, задржувајќи ги оние космички сили што нè поврзуваат сите нас под ова заедничко небо“.
Интересно е и тоа што се објавени две придружни видеа: lyric видео потпишано од Тони Хумл и спот зад кој стои Кукла, режисерот на видеата за „Mi“ и „Dođi“.
