Македонскиот бенд Funk Shui го објави новото видео за песната насловена “Сомнежи”, објави Авалон придукција. Спотот е од песната изведена во живо од настапите на фестивалот “Скопје колинг 2018” и “Битола отворен град”. Видезаписот го изработија Христијан Конески, Гоце Трајкоски и Агим Џело.
Скопскиот бенд Funk Shui комбинира неколку различни ритмови и алтернативни музички жанрови. Постои од пред осум години. Почнаа да свират во МКЦ. Формиран е од млади генијалци, кои создаваат авторска музика. Со автентичноста успеаја да привлечат публика, која верно ги следи на настапите.
Подготви: Марија Поповска
