Неодамна нашата позната македонска поп ѕвезда Каролина Гочева ја промовираше новата песна “Ѕвона”, за која што во продолжение ќе имате прилика да го погледнете и видео спотот. Оваа песна претставува една од многуте од претстојниот албум, кој пак треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година. Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски, односно, Мелем Продукција.
Каролина за новата песна “Ѕвона” вели:
“За сите што ни се во срцата, а не се со нас… И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме”.
Уживајте!
Подготви: Виолета Трајковска
