Денес во македонскиот етер Лозано ја промовираше неговата најнова песна насловена “Километри”. Како што и самиот тој вели, оваа песна за разлика од останатите кои имавме можност да ги слушнеме од него, е доста емотивна во која што ќе се пронајдат многумина од вас, посебно оние кои веќе подолг временски период не живеат во Република Македонија.
Оваа нова песна која што има во себе содржи етно елементи и впечатлив рефрен е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски кои со Лозано соработуваат долго време наназад. Видеото пак е во реализација на е дело на “Веста” продукција и истото е снимено во Хотел “Изгрев” во Струга и околината.
Во продолжение со задоволство ви препорачуваме да го погледнете најновото видео од Лозано.
Подготви: Виолета Трајковска
