Павле Камилоски вчера вечер во Музејот на Македонската борба го одржа својот предновогодишен концерт. На крајот на концертот беше промовиран спотот за неговата прва авторска песна. „Такт по такт“ е сингл во т.н. Боса нова стил, по кој е препознатлив Павле. Текстот е спој од проза и поезија, а го пишуваа Робин Зимбаков и Алек Русјаков. Автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов. Како пратечки вокал се јавува Александар Тарабунов.
Песната „Такт по такт“ ја прати спот во кој филмски е претставена ода на љубовта. Режисер на спотот е познатиот Александар Ристовски – Принц, кој успева да креира визуелен приказ на романтичниот и доминантен перформанс на пејачот
Таа емоција и авангарда ја носи со себе познатата манекенка Маја Сашек, без која немаше да го добиеме овој резултат. Маја додаде една уникатна вредност на видеото и многу сум и благодарен на соработката за спотот“ вели Камилоски.
