Премиера

24 Промо: Преслава – “Не се изтриваш” (Видео)

Познатата и популарна бугарска пејачка Преслава денеска на музичкиот тв канал Планета го промовираше своето најново видео за нејзината најнова песна “Не се изтриваш”. По самата промоција, песната веднаш привлече внимание кај нејзините фанови кој на социјалните мрежи се околу 400.000 илјади. Музиката и аранжманот се на композиторот Даниел Ганев, додека текстот го напишаа Анастасија Мавродиева и Петја Радева. Нејзините фанови кои се секогаш задоволни и пресреќни кога таа ќе извади нова песна или видео, веднаш започаа со делење и споделување на позитивни коментари на YouTube, каде исто така е пуштен видео спотот.

За реализацијата на ова интересно и професионално видео, како и секогаш впрочем кога станува збор за Преслава, таа го ангажираше режисерот Георги Марков. За што поточно станува збор, во продолжение погледнете го видеото за најновата песна на Преслава “Не се изтриваш”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: