Премиера

24 Промо: Тони Андреев – “До мене, а толку далечна” (Видео)

Во рубриката “24 Промо”, денес ви го промовираме младиот и талентиран Тони Андреев кој што неодамна ја промовираше неговата прва песна насловена “До мене, а толку далечна”. Како автор на музиката се потпишува токму тој, додека пак, текстот го напиша Кристина Цонева, а аранжманот го подготви Драган Ристовски. Видеото е во реализација на Алек Тасевски. Младиот пејач во врска со неговата песна и прв видео спот вели:

“Со својата певливост и едноставност, верувам дека песната ќе ги освои и оние најпребирливите. Заедно со тимот вложивме премногу енергија да подариме на публиката убава модерна песна, која ќе остане да се слуша”, изјавува Тони Андреев.

Во продолжение погледнете го неговиот прв видео спот.

Можеби ќе ве интересира: