Познатиот македонски композитор, автор и пејач Владимир Четкар со задоволство ви го претставува најновото музичко видео за неговата најнова авторска композиција “I Remember” која се најде на неговиот втор студиски албум “Heavenly”. Видео записот е дело на Борче Димовски од продукцијата Digital Box.
“I Remember” е песна која евоцира спомени на сите оние животни патешествија кои сме ги доживеале со нашите сакани и кои во нас оставиле длабока трага. Тоа се токму тие спомени кои секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија и кои ни даваат инспирација и сила да се бориме со сите предизвици кои ги носи животот”, вели Четкар за неговата најнова песна.
