Песната „Купит чу нам сат“ е новиот сингл на легендарниот Жељко Бебек. Бебек за прв пат ја изведе во живо на фестивалот „CMC“ во Водице, на 12-ти јуни. Овој сингл е најава и за неговиот нов студиски албум „Мали облак љубави“, кој ќе биде објавен на 11-ти јуни.
„Тоа е првата песна на мојот нов албум. Една прекрасна песна со заразно темпо што ја снимивме во опасен простор, па снимањето беше тешко. Тоа е незавршената универзитетска болница во Загреб каде нема повеќе прозорци, амбиентот е уништен и фактот дека таму се обучуваат за спасувачки операции зборува многу за тоа колку е опасно. Режисерката Сандра Михајлевиќ го избра токму затоа што зборува за минување на времето. Часовникот е нешто што постојано ве потсетува дека нешто се случило или е допрва ќе се случи“, вели Бебек.
Помеѓу новите песни ќе се најде и „Какав отац, такав син“, дуетска песна со син му Звонимир. Звоне сериозно зачекори во светот на музиката, а покрај тоа што публиката го сретна како гитарист на концертите на неговиот татко, публиката сега ќе има можност да го слушне како пее.
