Премиера

24 Промо: Монистра – “Киниса моме на вода” (Видео)

Вечерва познатата македонска етно група “Монистра” со голема гордост и задоволство на својата фејсбук фан страница соопшти дека најново од нив е излегувањето на видео спотот за песната “Киниса моме на вода” кој што воедно и го имаа постирано. Овој видео спот всушност претставува првото официјално видео на песна од оваа македонска позната група. Во продолжение ви предлагаме да го погледнете нивниот прв и официјален видео спот за веќе споменатата македонска традиционална песна, а во меѓувреме ве потсетуваме дека на 9-ти април во Македонскиот народен театар оваа група подготвува голем концерт со многу гости и песни од нивните досегашни албуми.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: