Премиера

Аце НЛ сака само квалитетна роба (Видео)

Аце НЛ член на Токсикологија промовира нов видео спот. Станува збор за “Квалитетна роба”, одлично спакувано видео парче во кое што учество земаат околу 80 негови блиски пријатели и соработници, меѓу кои можеме да ги споменеме Сара Марковска овогодинешната победничка на “Макфест”, Слаткаристика… и многу други.

Видеото е снимено на неколку локации и тоа во спортскиот центар “Ново Лисиче” и во Мезе Бар “Сопотско”. Текстот за оваа песна е дело на Аце НЛ, додека пак за аранжманот беше задолжен Марко Наумовски ММ. Зад видеото кое искрено одлично изгледа, се Аце НЛ и Иван Ѓеоргиевски – Номадузз кои се режисери, Филип Пауновски и Гоги Полизов монтажа и камерата на Дејан Џолев.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: