По учеството на меѓународниот фестивал во Брешов, Романија каде го освои второто место, младата пејачка Антониа Гиговска неодамна ја однесе победата на 33-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест”. “Никогаш не вели никогаш” е победничката песна за која освен стручното жири, гласаше и присутната публика во салата за време на одржувањето на финалето на “Макфест”. И овој пат зад оваа хит песна стојат Лазар и Магдалена Цветковски, кои во нашата држава важат за најголеми хитмејкери.
Антониа за новата песна ќе изјави:
“Уште кога за првпат ја слушнав песната знаев дека е за на “Макфест” и бев убедена дека ќе освои награда. Лазар и Магдалена уште еднаш си ја завршија својата работа како што треба и навистина сум пресреќна. Оваа 2018-та ќе ја паметам само по убави работи”, изјави Антонија. Веднаш по завршувањето на фестивалот, таа заедно со својот тим го промовира видео спотот за победничката макфестовска, во кој што свое учество зема и моделот Павле Николов. Видео спотот е дело на Даниел Јовески.
Подготви: Влад Петров
