Премиера

Битолските рапери од „Стиховно војување“ и „Поетика“ имаат нова песна

После подолга пауза битолски рап групи „Стиховно Војување“ и „Поетика“ имаат нова песна и спот. „Поинаков свет“ всушност е дело на Христијан Аџиоски – Кичо од „Стиховно Војување” и Јове Илијовски од „Поетика”. Рап стиховите се надополнети со изведбата на Наталија Николовска на виолина. Сценариото за спотот е на Кичо и Јове заедно со режисерот на спотот Дејан Трајчевски. Спотот е сниман на неколку локации низ Битола, помеѓу кои и познатата Алхамбра.

По долго време, за нашето време. Нека остане како траен белег на заедничкото долгогодишно битисување како дел од една авангардна рап генерација која зад себе остави богато творештво, милиони стихови кои ја создаваа алтернативната сцена во Македонија. Ете затоа, рапот останува единствениот правец кој носи посебна духовна симбиоза – живот од кој се раѓа музика и музика од која се раѓа живот. По неколку години, едно парче душа преточено на носач на звук, не значи никакво враќање, бидејќи ние никогаш не ни заминавме никаде. Иако неактивни на сцената која речиси и да не постои, групите кои ги создадовме ќе продолжат да живеат сѐ додека раскажуваме за нив… секогаш одново… до бескрајот! Она што се потврди со овој проект е дека и по толку години, останавме беспрекорен тим кој заедно може да направи чуда! – истакна Аџиоски.

Kicho (S.V.) x Jove (Poetika) x Igor M. - Poinakov svet (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: