Премиера

Давид Темелков објави нова песна на хрватски јазик (Видео)

Младиот пејач Давид Темелков, кој јавноста го запозна по учеството во “X-Factor” ја објави својата нова песна „Огледало“. Песната е на хрватски јазик бидејќи Давид веќе неколку години гради музичка кариера во Хрватска. Се работи за нумера со брз ритам и е нешто различно од она што досега сме го слушнале од Давид.

„Мило ми е што по издавањето на мојот албумот првенец „Дишам за нас“, можам да ви подарам нешто ново од мене, нешто поинакво, нешто што долго се подготвуваше и во ситуацијава во која се наоѓаме сите внесе ведрина и оптимизам. По успешната соработка во 2015 година, со песната „Беше сé“, со која ѝ се претставив на балканската публика, хрватскиот композитор Миро Буљан повторно го става својот потпис и ја потпишува музиката на песната „Огледало“, а го направи и аранжманот и се јавува како продуцент, а вештата рака на Соња Буљан ја преточи нашата соработка во текст. Препевот на македонски и овој пат го направив јас”, вели Темелков.

Можеби ќе ве интересира: