Премиера

ДНК со срце колку “Дијамант” (Видео)

Во понеделникот, 28-ми мај нашите најпознати на македонската музичка сцена, популарното и препознатливо ар-ен-би дуо ДНК одржаа тројна промоција, односно, промовираа албум насловен “The Best Of”, ДВД од минатогодишниот роденденски концерт по повод 15 години од постоењето на македонска музичка сцена и новата песна и видео спот за истата насловена “Дијамант”. Тие уште еднаш докажаа и ни покажаа како на нас, така и на сите присутни, колеги, новинари и соработници, како треба и како може да се организира и подготви една вистинска македонска промоција.

Сите собрани средства од вчерашната продажба на цедеата ќе бидат наменети за хероината Ања од Штип, која допрва ја очекува тешка операција за трансплатација на срце. Секој можеше да земе цеде и да донира колку сака и може, а Ања лично им се заблагодари на сите, ветувајќи дека ќе биде тука на нивиот концерт по повод 20 години постоење на ДНК.

“Aња е нашиот борец и мотив секој ден да бидеме подобри луѓе. Таа водеше борба за својот живот и се избори. Остана со нас да не плени со насмевка и да ни пренесе неизмерно огромна волја за живот. Ви благодариме на сите за присуството, собравме 48.286 денари”, изјавија момците од ДНК.

Инаку, промоцијата се одржа во хотелот “Парк” во Скопје, а како водител на истата се појави најпознатата македонска водителка во Македонија Лила Стојановска, а меѓу присутните беше и долгогодишниот соработник и т.н. “трет член” на ДНК Лазар Цветкоски, чиј потпис стои на голем дел од нивните хитови. Заедно со Панчо тој се потпишува и на новиот сингл “Дијамант”, а за неговата визуализација се погрижи Александар Ристовски – Принц. Покрај Панчо и Андреј, во видеото можеме да ги видиме и Едина Муса, кошаркарските ривали Џордон Крафорд и Маркус Гинјард, кои играат за МЗТ и КК “Работнички”, а тука се уште и Тифани Росарио фотомодел која доаѓа од САД, и заштитниот лик на ДНК, Буцо Битбокс.

А како звучи новата песна “Дијамант” и како изгледа новиот видео спот за истата, погледнете и уживајте во продолжение.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: