Се појавија во време кога се беше речиси тивко, скоро замрено. Сите се прашувавме и очекувавме, се надевавме дека ќе се случи нешто ново, нешто што ќе биде огромна свежина на македонската музичка сцена и воопшто во македонскиот етер. Со песната „Не сум твој тип“, срамежливо, но сепак со одредена доза на симпатичност се приближија до македонската публика, а тие пак, веднаш ги прифатија и тоа беше еден од најголемите хитови што се вртеше по македонските радиостаници.
После три години постоење, во текот на денешниот ден на YouTube каналот на Дупер, промовираа дел од новиот албум, песни кои за прв пат ќе имате моќност да ги чуете. “Сладолед”, “Исти”, “Војна”… се само дел од новите песни кои имате привилегија да ги преслушате, а една од најновите “Рајот на земјата” има и свој видео спот за кој се погрижи Томислав Живковиќ.
Дечките од Дупер со задоволство ви најавуваат многу настапи, концерти и многу македонска музика во текот на ова лето, надевајќи се дека се ќе виде во ред што се однесува до здравствената состојба во нашата држава.
