Александар Белов предновогодишно на својата публика им подарува нова песна со наслов “Ме води љубовта”, песна со која што тој сака да им ги честита новогодишните и божиќни празници. Песната всушност претставува македонска анплагд верзија на “Све је лепше у двоје”, а авторскиот тим останува ист, музиката и аранжманот се на Дарко Тасев, текстот на познатата Весна Малинова и песната е снимена во студиото на Кристијан Габровски. Се надеваме оваа песна ќе биде ваша предновогодишна.
Подготви: Александра Блажевска
