Скоро шест месеци по објавувањето на првиот сингл „Кише“, кој од првото емитување до денес сеуште е една од најемитуваните песни на домашните радио станици, но и оние во целиот регион, Џибони го објави вториот сингл од тековното ЕП издание „У по` уре“. Синглот носи наслов „Лажу фотографије“, и судејќи според досегашните реакции на публиката и музичките критичари, веќе е препознаена како една од најистакнатите на сегашното ЕП и прв избор за наследник на успешната „Кише. Џибони вели дека песната е компонирана на Корчула и е една од неговите омилени во ова издание. А како гости се придружиле истакнатите инструменталисти, пијанистот Матија Дедиќ и гитаристот Јоги Лонич заедно со симфонискиот оркестар на ХРТ.
Новиот сингл доби и своето придружно видео издание засновано на идеја на Џибони.
