После емотивната балада “Убиј ме”, која беше голем хит летово, Таско пред почетокот на новата сезона ја промовира новата песна “Гран Турисмо”, а воедно и видео спотот за истата. Велат тимот што победува не се менува, па така и овој наш познат македонски артист ексклузивец на Урбан Рекордс, и оваа песна ја подготви со веќе добро познатата екипа.
Музиката, аранжманот и миксот се дело на Иван Јованов – Iwayo, додека текстот овој пат е целосно напишан од Таско. И овој пат режисер на видео спотот е Гордан Божиновски соработник на оваа нова екипа млади познати артисти и God Eye Production која што се потпишува на ова видео.
Динамично, интересно и провокативно видео кое што е снимено во Скопје, а во истото се употребени и делови од концерти и настапи каде Таско досега настапувал. Да не раскажуваме и одолговлекуваме, видеото погледнете го продолжение со клик на името на песната:
