Денес младиот и веќе познат пејач Иле Петровски во скопското кафуле “Драма” со почеток во 11 часот, ја започна промоцијата на својата нова песна и најновиот видео спот. “Јас те имав прв” е новата песна која што доби и своја видео приказна во реализација на KakoBraka Production, а истиот е снимен на повеќе локации во Скопје. Овој пат за текстот се погрижи Ксенија Николова, додека музиката и аранжманот му беа доверени на далеку докажаниот Роберт Билбилов.
Промоцијата помина интересно со блиски пријатели и фанови на Иле, како и дел од македонската музичка сцена како подршка на она што досега тој го има направено. Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете новиот видео спот, а воедно и да ја преслушате новата песна “Јас те имав прв” на Иле Петревски.
Подготви: Маринела Каранфилоска
