Премиера

Ива Орландо му направи diss track на бившиот

Во последно време тренд е на Балканов, младите да снимаат за Јутуб, ТикТок и да бидат успешни во тоа. Покрај контентот кој го пласираат на својата публика, тие решаваат и да снимат песна, да се пробаат и во музичкиот свет. Некој успешно, некој помалку успешно, но тоа треба да одлучи публиката.

Ива Орландо е наша, македонска јутуберка која има своја публика и која одлично се снаоѓа во виртуелниот свет. На своите следбеници им подари музичко видео кое му го посвети на бившото момче.

За Музика 24, Ива ни рече дека се потрудила да направи нешто поинакво, младалачко и среќна е за секој позитивен коментар кој го добива.

https://m.youtube.com/watch?v=iplIB1oN9ZQ&feature=mweb_c3_open_app&itc_campaign=mweb_c3_open_app&redirect_app_store_ios=1&app=m

Можеби ќе ве интересира: