Премиера

„Kažeš mi, dođi!“ – Veli Jože со емотивна музичка приказна за љубовта што завршила (Фото+Видео)

Хрватскиот рок состав „Veli Jože“ го претстави својот нов сингл „Kažeš mi, dođi!“, заедно со впечатлив видео запис кој носи силна емотивна приказна за љубовта, загубата и спомените што остануваат долго по разделбата. Станува збор за третиот сингл од актуелниот албум „A tko će nam sad reći kakav je svijet?“, кој уште од објавувањето беше препознаен по својата искреност, поетичност и препознатлив музички израз. Иако насловот „Kažeš mi, dođi!“ звучи како повик за нов почеток, песната открива сосема поинаква приказна – љубов која останала само во сеќавањата.

Музички, „Veli Jože“ и овојпат остануваат верни на својот автентичен стил, комбинирајќи new wave, рок и кантавторска поезија во звук исполнет со носталгија и искрени емоции. Токму таа атмосфера ја прави песната блиска и препознатлива за секој што некогаш поминал низ разделба.

Видео записот, чија режија ја потпишува Branko Drakulić, ја следи приказната преку симболиката на целосно празен стан – простор кој некогаш бил исполнет со живот, а денес е само сведок на спомените. Во главните улоги се појавуваат Nastasja Bulat и Petar Čulić, кои со својата актерска игра дополнително ја засилуваат емоционалната порака на песната. Покрај нив, во спотот се појавуваат и членовите на бендот Goran M. Knežević, Mirjana Zubak Mičetić, Marijan Povodnik и Robert Mifka.

Албумот „A tko će nam sad reći kakav je svijet?“ претставува прво официјално дискографско издание на „Veli Jože“, иако зад бендот стојат речиси триесет години музичко творештво. Изданието содржи девет композиции кои се движат помеѓу интимните човечки приказни и пошироките животни теми, а меѓу нив се издвојува и „Galiotova pesan“ – композиција која за првпат добива целосна музичка обработка според истоимената поема на Vladimir Nazor, писателот по кого бендот го носи своето име.

Со „Kažeš mi, dođi!“, Veli Jože уште еднаш потврдуваат дека нивната музика не се темели на моментални трендови, туку на искрени приказни, силни емоции и препознатлив авторски печат – комбинација што веќе со години ги издвојува на регионалната рок сцена.

Погледнете го официјалниот видео запис за „Kažeš mi, dođi!“.

Можеби ќе ве интересира: