Премиера

Кристијан ни ја откри својата “Фантазија” (Видео)

Кристијан Пашоски го промовираше својот најнов видео запис, за неговата најнова песна “Фантазија”.  Таа веднаш се пласираше на мак топ 5 листите по радијата и високо котира. Дефинитивно ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, а додека пак текстот е на Елена Трпковска.

Спотот е во соработка со Dream Cast Production. Спотот се снимил за еден ден во студиото на продукцијата, во пријатна атмосфера. Кристијан се надева дека ќе им се допадне на публиката. Тој летово го минува работно и со својот тим има низа активности за некои нови проекти. Во иднина  можеме да очекуваме многу  пријатни изненадувања од него.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: