Премиера

Кристина Арнаудова: “Засекогаш” е песната која мораше да биде отпеана (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, после подолга музичка пауза, денес во етерот е пуштен новиот сингл на Кристина Арнаудова ,,Засекогаш”. Како што не информираат од нејзиниот тим, во исто време е пуштен и видео спотот кој подолу ќе имате привилегија и можност да го погледнете.

Музиката и текстот на оваа најнова песна е на Весна Малинова, додека пак, аранжманот и продукцијата на Роберт Билбилов. За видеото, како и секогаш досега, беше задолжен Александар Ристовски – Принц.

Од пред 10 дена исто така, целиот снимен материјал и сите албуми, на Кристина, можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со Virginia Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски, која можете да ја најдете целосно на нејзиниот инстаграм профил. Со оглед на тоа што фб страницата и е хакирана минатата година и не е во нејзино владение, промоцијативните активности ги објавува само на инстаграм профилот, со надеж дека наскоро сепак ќе успее да и биде вратен.

Искрено се надеваме дека ова музичко парче ќе ви се допадне, а Кристина вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студио, бидејќи, е песна, која морала да биде отпеана, и едноставно неможела да ја одбие и да ја врати.

Како и до сега, примарна работа за Кристина, останува нејзиното хуманитарно здружение ,,Проект Среќа,, каде последниве 7 години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.

Можеби ќе ве интересира: