Премиера

La Strada Prilep – Поинаква градска приказна (Фото)

Градот Прилеп освен што е препознатлив по Марковите кули, тутунот, “Пивофест”, паркот “Могила”, club Calypso, одличната дневна и ноќна шема… препознатлив е и по тоа што во срцето на градот на само неколку метри од прилепската чаршија, во центарот, се наоѓа едно од најубавите места за добар одмор каде што заедно со семејството, блиските пријатели или роднини, другарите, и со сите оние кои што ви се мили и драги можете да седнете и да вкусите нешто што верувајте ниту на едно друго место не можете да го најдете.

Со сосема нов изглед, комплетно реновиран и поинаков од другите, тие секојдневно ја живеат градската приказна која е поинаква и која веќе 20 години крие многу тајни на стотици заљубени парови, бизнис деловни соработници, како и на најдобрите другарки и другари кои токму на ова место со одлична подготвена храна си ги раскажуваат своите најголеми тајни, приказни кои никој не треба да ги знае.

На почетокот само како мала локална слаткарница, за денес да прерасне во голема и надалеку позната и прочуена пицерија, и место каде можете да ги вкусите вашите омилени тестенини со најубавиот вкусен сос, морски плодови, свинско и пилешко печено во фурна… и што уште не. Тука можете да ги вкусите најубавите и највкусни пици во Прилеп и околината. Не верувате? Појдете и проверете сами, вкусете барем едно парче од омилената пица (а има мнооогу вкусови), а потоа ќе посакате уште едно и уште едно… и така се додека не сфатите дека всушност сте изеле цела пица, а воедно и сте се најале и се чувствувате преубаво како никогаш досега.

Интересно и убаво е тоа што сите вие кои сакате да го пробате вашето омилено од La Strada, поради специфичните и здравствени околности кои за жал стануваат наше секојдневние, можете тоа да го направите и преку порачка на телефонот: 048/414-212 и нивната мала но убава кола ќе ја донесе вашата порачка до вашиот дом, каде заедно во домашен амбиент може да уживајте со најсаканите.

Не заборавајте, La Strada – една поинаква градска приказна!

Можеби ќе ве интересира: