На неколку наврати досега пишувавме за најдоброто место во Прилеп каде се подготвува најдобрата и највкусна пица, највкусното омилено јадење кое со задоволство секогаш го порачувате и местото кое има душа и одличен амбиент каде можете своето време да го поминете со вашите пријатели со кафе муабет и добра закуска.
Во местото каде прилепчани го започнуваат својот работен ден, каде уживаат покрај длабоките сенки од многубројните дрвореди, токму тука се случи најлудата, откачена и највесела забава која сите со нетрпение и со месеци ја очекуваа. Токму тука, во “La Strada” во Прилеп каде секогаш се случува поинаква градска приказна, со целовечерен концерт настапија на далеку познатите, барани и препознатливите Тони Биоритам и “Акорди Бенд”.

Распоредот на масите беше прилагоден на потребите од специјалните протоколи кои се дадени од Министерството за здравство и како и секогаш и овој пат тие тука се почитуваа. Во најубавото место во Прилеп и покрај се, се чувствуваше потреба за дружба, песна, за опуштање, а можеше да се забележи дека речиси сите желно се предадоа на убавата атмосфера која траеше до доцна во ноќта. Бендот со својот репертоар многу сигурно го креваше расположението кај присутните од песна во песна. Репертоарот на ова трио беше прилагоден да ги задоволи сите музички вкусови, воедно, бендот беше професионално подготвен да ги исполни сите желби и да успее да ги искомбинира жанровите не дозволувајќи да спласне атмосферата.
https://www.facebook.com/biljanabiba.i/videos/3197251203688901/
Дека овој концерт беше своевиден музички настан потврдија и уважените и секогаш добредојдени гости во “La Strada” Прилеп, тука ќе ги споменеме Елена Велевска, како и Гоце Пејакот кој присуствуваа со своите најблиски.
Уживајќи во оваа градска приказна во Прилеп, после четири месечна стагнација, оваа журка навистина ни докажа дека забавата и одличното расположение е она што фали како кај помладите, така и кај повозрасните кои исто така знаат да се забавуваат и да уживаат во она што го нуди ова навистина оргинално место, место каде секојдневно се раскажува приказната за прилепскиот живот, секојдневие и урбаното живеење.
Подготви: Марија Поповска
Посебна Благодарност до уредничката и новинарка на “Свет-Аустралија”, Билјана Биба Крнческа.
