Премиера

“Лапсус Бенд” ја промовираат новата балада “Лажо” (Видео)

“Хеј будало, вјерујми бар мало” е само дел од рефренот од новата хит песна на познатите “Лапсус Бенд” од Босна и Херцеговина. Овој познат бенд за кој во неколку наврати пишувавме се повеќе и повеќе станува бренд и број1 на Балканот. Оваа нова балада која што ја промовираат токму пред новогодишните празници на својот YouTube канал е дело на познатиот музичар кој досега создал многу, многу хитови Бане Опачиќ кој се погрижи за музиката и текстот кој се совршени, аранжманот е на Алек Алексов. Во оваа песна како претечки вокал се појавува и познатата поп пејачка Ивана Селаков, додека видео спотот е комплетно реализиран од страна на NN Media.

Овој бенд е се повеќе препознатлив по одличните балади кои по се изгледа најдобро ги донесуваат истите и во нив се пронаоѓат сите оние кои биле, се или ќе бидат заљубени. Во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да го погледнете новиот видео спот за новата песна-балада “Лажо” од “Лапсус Бенд”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: