Премиера

Љубов, провокација и мистерија: Дали е „Лидија“ провокација за бакнежот помеѓу Young Dadi и Тино (Видео)

Младиот, харизматичен и сè попосакуван Young Dadi повторно удира силно на музичката сцена со својата најнова песна „Лидија“ – нумера која уште на прво слушање влегува под кожа. Во негов препознатлив стил, „Лидија“ носи заразна мелодија, лесен рефрен и vibe што едноставно те тера да ја пуштиш пак… и пак. Токму тоа е формулата што денес освојува – едноставно, catchy и модерно, а Young Dadi очигледно совршено ја владее.

Како и многупати досега, тој самиот стои зад музиката и текстот, внесувајќи личен печат и автентичност, додека за финалниот звук – аранжманот, битот и мастерингот – се погрижи Андреј Николов, кој и овојпат испорача продукција на ниво.

Но, приказната не застанува тука…

За „Лидија“ добивме и видеоспот кој веќе предизвикува реакции. Во него, покрај статистите, се појавуваат и актерот Тино Костадиновски и познатиот стилист Сергеј Варошлија, додавајќи дополнителна доза стил и драматика. Видеото, реализирано од Илија Димковски, носи интересна приказна што држи внимание до самиот крај. И секако – прашањето што сите си го поставуваат: Дали бакнежот помеѓу YOUNG DADI и Тино е вистински или само добра актерска игра?

Додека одговорот сè уште се „крчка“ во јавноста, едно е сигурно – „Лидија“ веќе е тема број еден и песна што ќе ја слушаме насекаде. Подгответе се – ова е уште еден хит што нема лесно да излезе од глава!

Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: