Светската музичка дива Мараја Кери, позната по хит песнатa „All I want for Christmas“. Од промоцијата во 1994 година, не може да се замисли празничната атмосфера без оваа нумера чиј ритам и стихови речиси сите ги знаат напамет. Популарноста на оваа песна е неприкосновена дури 25 години подоцна минатата година таа го зазеде првото место во Топ 10 на топ 100 листата на „Билборд”.
Овој Божиќ Мараја и нејзините пријатели ни подаруваат нов хит верзија под наслов „Oh Santa“. Мараја пее во придружба на познатите Аријана Гранде и Џенифер Хадсон. Песната оргинално беше дел од вториот божиќен албум на Мараја, „Merry Christmas II You“. Песната беше објавена на Епл ТВ како дел од специјалното издание на „Магичен божиќен специјал на Мараја Кери”.
