Неодамна Марија Спасовска, една од помладите изведувачи на македонската музичка сцена, со видео спот ја промовираше својата најнова песна “Венера”. Музиката и текстот се на Марија, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот ги направи Иван Јованов – Ивајо. Видеото го реализираше тимот на Урбан Рекорд, Били. Д и Никола Наумовски, кои често стојат зад веќе познатите видеа од оваа продуценска куќа.
Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете видеото и преслушате најновата песна на Марија Спасовска насловена “Венера”.
