Премиера

Младата пејачка Викторија Ефтимова со силна порака: „Живееме во време на изгубени идеали“ (Фото+Видео)

Младата пејачка Викторија Ефтимова (21) го сними новиот сингл „Идеали“ за кој се надева дека ќе стане летен хит. Денеска (2 април) таа ги промовираше песната и спотот во кафе барот „Мартини“ во Скопје. По промоцијата, ги почести гостите со изведба во живо на новиот сингл, и уште неколку песни кои ги испеа со нејзиниот бенд.

Позната по тоа што стана хит на социјалната мрежа ТикТок на која ја следат повеќе од 146 илјади фанови, а има близу 3 милиони допаѓања, Вики е уникатна по тоа што кај неа нема ограничување со музичките стилови.

„Идеали“ не е приказна, туку дијагноза на времето во кое живееме. Напишана е во момент кога сфаќам дека сите трагаат по она што го немаат, а забораваат на тоа што ни е пред очи. Инспирација ми беше тишината. Во неа најгласно се слуша вистината која боли да се каже“, вели Викторија.

Ова е нејзин десетти сингл по ред и ќе биде дел од албумот кој треба да излезе до крајот на годинава. Викторија е комплетен автор на песната. Таа ги напиша текстот, музиката и аранжманот како и на сите нејзини песни досега. Таа има вкупно 214 напишани и неиздадени песни.

„Никогаш не дозволувам друг да ја бои мојата слика. Видеото е моја визија, секако, песната е душата, а спотот е погледот во очите. Сакав да постигнам сурова емоција без филтри и без шминка. Луѓето водат некој дневник, некои работни обврски, а јас пишувам песни. Тие преку 200 песни не се само работа, туку 200 различни моменти во кои сум се нашла. Јас моите години ги доживувам само како број, а искуството во напишаните редови. Некој многу зборува, а јас пишувам“, додава младата пејачка.

„Идеали“ е летна поп-песна и е нешто различно од сето она што го работела досега. Со неа, Вики сака да ги поттикне младите пејачи да снимаат повеќе, и воопшто македонските музичари да објавуваат повеќе нови песни и албуми и да полнат арени. Ова е нејзин десетти сингл по ред и ќе биде дел од албумот кој треба да излезе до крајот на годинава. Викторија е комплетен автор на песната. Таа ги напиша текстот, музиката и аранжманот како и на сите нејзини песни досега.

„Имам вкупно 214 напишани и неиздадени песни кои ги чувам ‘во фиока’. Дел од нив би требало да излезат во наредниот период, а ќе испеам јас или некој од моите колеги. Најважно од сѐ ми е македонската музика да ја кренеме на повисоко ниво“, вели пејачката.

Спотот за „Идеали“ е снимен на интересна локација во „Хедон ресорт“ на Водно. Во видеото има повеќе статисти, но главните ликови ги глуми Викторија.

VIKI EF - Ideali (Official Music Video)

„Има еден интересен момент во спотот, кога ме послужуваат со црвено и бело вино што симболизира лоша комбинација која ми ја зема свеста и разговарам сама со себе, симболично на парите и славата што ни го матат умот и забораваме на вистинските квалитети во музиката и се препуштаме на тоа што го прават сите. Приказната во спотот е дека се губиме себеси, исто како кога ќе се измешаат црвено и бело вино“, вели Викторија.

Младата пејачка вели дека е кретивна во секој дел од денот. Инспирација за мелодијата и текстот можат да ѝ бидат секојдневна случка или луѓето околу неа. Таа е искусна и во класичната музика. Студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова. Како алт-мецосопран има настапено на повеќе концерти на факултетот, а и на концерт во Националната опера и балет.

„Инспирацијата нема пол, таа има само емоции. Сакам луѓе кои имаат карактер и длабочина. Многу е поинтересно отколку што можете да замислите, ама ја чувам само за оние кои ќе ја заслужат. Среќна сум, исполнета и имам многу љубов за давање, но на оној на кој ќе му ја дадам ќе остане најслатка тајна. Но, оној кој ќе ги слуша моите песни, можеби и ќе открие“, додаде младата пејачка.

Фото: Андреј Ангеловски

Можеби ќе ве интересира: