Премиера

Младиот артист Dimish објави два нови сингла (Фото+Видео)

„Стари навики“ и „Очи зелени“ се двата нови сингла на младиот артист Dimish. Тој сам во својата соба ја снима и продуцира својата музика. Dimish е соло-проект кој постои од 2019 година.

„Започна со тоа што објавив инструментален албум „Inception“ во кој има кратки песни кои се правени во период од 2016 до 2018 година. Од тогаш до сега имам објавено 5 сингла, една соработка, 5 ЕП-ња и уште еден инструментален албум и сѐ тоа го правам сам, од текст, музика, сѐ до снимање, микс и мастер. Сите инструменти ги свирам јас. Поентата е цело време да има нов материјал, затоа и има често нови Изданија“, вели Dimish.

Инспирација му е секојдневниот живот. А поентата да им помогне на луѓето во тешки денови.

„Сѐ што ми се случува мене и на другите, го прераскажувам преку песни. Поентата на мојата музика е да им помогне на луѓето во тешки денови (најчесто), секако може и во убави денови, да им направи уште поубаво да се чувствуваат, а музиката варира од Гранџ, Панк-рок, сѐ до Пост-панк. Едноставно сакам секој да може да слуша барем нешто од Dimish, затоа и има варијација на музиката“, додава тој.

Dimish - Стари навики

Dimish - Очи зелени

Можеби ќе ве интересира: